Новиот вирус наречен – осаменост

popara11 април, 20121min00
s1

Одам по улиците и гледам празни погледи, во нив нема ништо…ниту радост, ниту тага, целосна ладнокрвност кон реалноста…

Мислев дека мене ми се причинуваат сите тие призраци, но со време сватив, дека се сосема реални и се насекаде. Во автобус, по улиците, по кафичите, во продавниците, насекаде празни погледи и осаменост…

Живееме во време на еднократни врски, комерцијална љубов и отсуство на вредности, или изместени идеали, цели, морал. Луѓето се туѓи еден на друг, довербата се помала, а вистински пријатели – илузија. Живееме во време на големи амбиции, на ситни души, на големи очекувања, на брзи и мали успеси, на желбата за власт и сето тоа со отсуство на секакви морални граници.

Времето на лажни илузии и вистински разочарувања владее…насекаде има призраци, носејќи го својот крст  на рамото но отсликан во очите…Ама не е толку страшно сето тоа…

Осаменоста сама по себе е состојба на духот. Во осаменоста човек може да си зададе многу прашања, да открие кој е, кон каде се упатил и до каде стигнал по патот…но не треба да се изгуби во тие мисли…

Кога сакаш да се научиш на трпение, животот ти дава шанса да си трпелив, кога сакаш да си смел, животот ти дава ситуација во која ти е страв, кога сакаш длабоко да љубиш, минуваш низ самотијата, за да се спознаеш прво себе си.

Ништо не е последно, ништо не е крајно…се се врти и менува и тоа дали ќе си призрак со празен поглед зависи само од тебе, а не од она што те заобиколува…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma