Ауди го подготвува автомобилот кој треба да го претставува наследникот на позатиот модел Quattro од осумдесеттите години од минатиот век. Планирано е моделот да се појави на пазарот во 2015 година, во знак на одбележувањето на 35 годишнината од појавувањето на овој модел.
Овој модел своевремено беше многу успешен рели автомобил, но стекна популарност и како сериски модел за секојдневно возење.
Новиот Quattro кој има кодна ознака Q35 ќе се произведе во купе верзија, а со цената ќе биде позициониран меѓу ТТ и R8.
Најверојатно ќе биде опремен со петцилиндричен турбо мотор и со моќност од 400КС.
Со изгледот ќе потсетува на концептот од 2010 година, а германската компанија планира годишно да пласира 10.000 примероци од новиот модел ширум светот.