Пред неколку дена тинејџерската музичка сензација Џастин Бибер наполни 18 години, а по тој повод реши да си купи раскошен дом, каде веројатно ќе живее со својата долгогодишна девојка Селена.
Бибер наводно сака да ја купи куќата во Холивуд за 10.8 милиони долари. Во овој дом инаку, моментално живее Ештон Качер, каде се пресели токму тука по разводот со Деми Мур.
Најдоброто што го нуди оваа куќа покрај големата квадратура, 5 спални соби, се неверојатните глетки на Холивуд Хилс и езерото Холивуд.