Осум годишниот Магли за прв пат ја добива оваа титула, за најгрдо куче на планетата.
Магли е куче од кинеска раса, а неговите ситни очи, кратка њушка, бели бркови паднаа во очи на жирито и тоа одлучи токму тој да ја понесе титулата на натпреварот во Калифорнија.
„Имав трема кога го прогласуваа победникот и двајцата се тресевме“, изјавила Бев Николсон жената која го чува Магли одкога го спасила од улица.
Магли, инаку во 2005 година ја освои титулата најгрдо куче во Велика Британија.
Овогодишената награда му донесе 1000 долари, годишна залиха на храна за кучиња, како и можност да застане пред објективот на многу фотографи.