Нутриционистите советуваат: Чаша вода со секој оброк!

popara3 јуни, 20121min00
i

Најновите студии едногласно покажале дека со пиење чаша вода со секој оброк можеме драстично да го подобриме својот режим на исхрана и здравствената состојба.

Научниците врз основа на две студии откриле дека уште од рано детство развиваме склоност кон одредени комбинации храна и пијалоци. Па така, дури и малите деца избираат една лоша комбинација: мрсна и калорична храна со слатки, газирани и исто така калорични пијалоци.

Меѓутоа кога на деца на возраст од 3 до 5 години како пијалок им била дадена обична  вода, тогаш тие повеќе избирале овошје и зеленчук. Слични резултати дала и анализата спроведена на 60 испитаници од 19 до 23 годишна возраст, кои покрај сервираниот газиран безалкохолен пијалок избрале мрсна и калорична храна наместо овошје и зеленчук.

Авторите на оваа студија дале едноставно и логично решение на оваа појава: Со секој оброк треба да се пие вода и истакнуваат дека дополнителниот позитивен ефект од ваквиот режим и намалување на ризикот од дехидратација која состојба  се среќава кај 75% од населението во САД ќе придонесе многу за здравјето на луѓето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag