Облеката и накитот на Витни Хјустон ќе бидат дадени на аукција!

popara21 февруари, 20121min00
whitney-houston-auction-t

Поминаа само осум дена од смртта на музичката дива Витни Хјустон, а некои од нејзините лични работи веќе се подготвени за понуда на аукција.

Помеѓу предметите кои нејзините најверни обожаватели ќе можат да ги купат се еден пар обетки и елекот кој го носеше во филмот “Телохранител” од 1992 година.

Предметите до кои еден од најпонзнатите акционери, Дарен Џулиен, дошол два дена пред смртта на Витни Хјустон, ќе бидат понудени на аукција на 31 март и 1 април.

На аукцијата ќе се појават и неколку фустани чија вредност е проценета помеѓу 1.000 и 2.000 долари. Но, се очекува на аукцијата да бидат продадени за десет пати поголема цена.

Покрај предмети кои и припаѓале на Витни, на аукцијата ќе бидат понудени стапот на Чарли Чаплин, јакна на Кларк Гејбл од култниот филм “Одвеано со виорот” и работите кои Чарлтон Хестон ги косрител за епската драма “Десетте заповеди” 1956. година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag