“Креаторот“ на серијата ”Очајни домаќинки”, Marc Cherry им порача на љубителите на серијата дека, последните епизоди ќе остават некои отворени прашања, но да немаат очекувања за снимање на филм.
Cherry оцени дека осмата сезона, која се емитуваше на телевизија “Еј-би-си” (ABC), имаше доволно време да “проникне во длабочините” на ликот на Teri Hatcher, Felicity Huffman, Marcia Cross, Eva Longoria и на другите.
Кога беше запрашан за снимање на филм Cherry, алудирајќи на филмот “Сексот и градот 2” кој беше направена врз основа на популарната серија и чие дејство се случува на Блискиот Исток, изјави дека “неговите девојки“никогаш нема да ги испрати во Дубаи.
Последните епизоди од “Очајни домаќинки”, во Америка ќе заочнат да се емитуваат од пролет.