Без разлика дали сте стрејт, геј или припаѓате на некој друг дел од сексуалната скала, вистината за тоа кој ве привлекува лежи во вашиот поглед.
Најновото истражување објаснува дека ширењето на зениците е сигурен показател на она што ја возбудува личноста. Кога луѓето ќе видат нешто што им е привлечно, нивните зеници несвесно се шират, како реакција на телесното возбудување.
„Ако мажот се декларира како хетеросексуалец, неговите зеници се шират кога ќе види некоја жена која му се допаѓа. Ист е случајот и со хомосексуалците, ако некому му се допаѓаат мажи, зениците му се шират секогаш кога ќе виде привлечен маж“, објаснува психологот Рич Сејвин-Вилијамс.
Ова истражување е прв голем експеримент кој потврдува постоење на поврзаност помеѓу ширењето на зениците и човечката сексуалност и возбудување. Во истражувањето учествуваа 165 жени и 160 мажи, со хетеросексуална, хомосексуална и бисексуална ориентација.
Тие гледаа видео снимки од маж кој мастурбира, жена која мастурбира и неутрални сцени од пејзажи, а за тоа време камера ги мереше промените во големината на нивните зеници.
Резултатите покажаа дека ширењето на зениците е прецизен индикатор за сексуалната ориентација.