Од бојата на очите зависи здравјето на кожата

popara23 мај, 20121min00
z

Постои тесна врска помеѓу бојата на очите и потенцијалните проблеми со кожата во иднина, покажа најновото истражување.

Кај оние со сини очи многу помала е веројатноста да имаат проблеми со кожата како на пример бели флеки по лицето и телото. Болеста е позната како витилиго. Симптомите се изразуваат со појава на светли флеки по кожата кои се со форма на географска карта.

Иако патогенезата не е сосема јасна, има докази кои покажуваат дека витилиго е предизвикано од комплексни автоимуни, генетски, хормонални и надворешни фактори, каде сопствениот имун систем ги напаѓа пигментните клетки во кожата, кои умираат и не можат да функционираат, па како последица се губи кожниот пигмент меланин.

Кај луѓето со кафеави очи опасноста е повисока. Како последица од болеста се зголемува и ризикот од појава на автоимуна болест на штитната жлезда, диабет, ревматоиден артрит и др.

И покрај тоа што бојата на очите дефинитивно има некаква врска со здравјето на кожата, убаво е да се обидеме да ги надминеме ладнокрвно стресовите ситуации, за да не нанесеме штета на нашата општа здравствена состојба.