Фотографиите од прототипот на новото Ферари кое треба да го наследи познатиот модел Ензо ја поттикнаа фантазијата на љубителите на оваа италијанска компанија, но и независните дизајнери.
Во исчекување на премиерата и официјалните фотографии ви претставуваме неколку најнови рендери од овој автомобил.
За нив е заслужен дизајнерот Деејвид Вилијамс од Сиднеј.
Се очекува новото Ферари ќе биде претставено кон крајот на 2012 година, додека продажбата би требала да започне во 2013.