
Причината за смртта на птиците не е позната, а локалните жители мислат дека ова е црн предзнал за 2012 година.
Околу 5000 птици паѓале од невото за време на новогодишната ноќ во малиот град Биби во Арканзас. Причината за смртта на птиците не е позната. Локалните жители дополнително се испаничиле бидејќи истото ова се случило и минатата година, кога наводно птиците загинале од преголем стрес од огнометот. Но, оваа година властите забранија било каква пиротехника во градот, а тоа е дополнителна причина за мистеријата да биде поголема.
„Мислев дека градоначалникот се шѓегува кога во четри наутро ме повика да дојдам на работа. Само ми рече: Стани и дојди, од небо паѓаат птици“, изјавил Милтон Макалар од градската служба за одржување на патиштата во Биби.
Научниците се уште се збунети и засега немаат логично објаснување што ги убило птиците и тоа токму за новогодишната ноќ.