На американското доделување на награди на Latino изведувачи и актери, познати како ALMA Awards, вчера се прошетаа бројни познати лица. Неколку од нив дури се појавиле во слични креации.
Изгледа дека долгиот, црн и проѕирен чипкан фустан вчера беше една од најпосакуваните комбинации, само беше прашање како, кој ќе ја носи и кој делтал ќе го истакне. Кристина Агилера ја покажала ногата со длабок шлиц, токму како Ева Лонгорија која исто така акцент ставила на нозете, но на малку поразличен начин, додека Никол Ричи во смелата комбинација открила длабоко деколте.
Злобниците коментирале дека Кристина Агилера едвај “влегла” во фустанот и ги скротила своите бујни облини. Иако привлекла многу внимание со тешката шминка и својот outfit, кој мадимумите не сакале да го коментираат, титулата за најдобра комбинација ја понела Никол Ричи која открила длабоко деколте покриено само проѕирен тул. Секако треба да се спомене и Ева Лонгорија која буквално блескала во свечениот, исто така, црн фустан, но и Зое Салдана која во меки нијанси на розова била вистинско освежување.
Во приложената фотогралерија можете да ги погледнете комбинациите од ALMA Awards и сами да си го изберете својот фаворит.