
Крис Браун ја откри тетоважата која за време на доделувањето на MTV наградите била сокриена под јаката на кошулата. А на тетоважата, верувале или не, се наоѓа претепано женско лице.
Иако тврди дека на тетоважата не е лицето на неговата драга која ја претепалпред три години, сличноста е фрапантна. Иако дури и неговите пријатели негираат дека се работи за поранешната љубов на Крис на која и пришушти неколку конци со бруталниот напад во 2009 година, се чини дека немилиот настан, секако, го одбележал животот не само на жртвата туку и на напаѓачот.
Да ве потсетиме, Ријана неодамна беше гостин во шоуто на Опра каде што изјави дека сеуште го сака Крис, на MTV Music Awards се бакнаа, а наводно и тајно се гледаат и со тоа предизвикуваат бројни контроверзии ширум светот.Па, сега вие кажете дека сличноста на тетоважата со очигледно никогаш не прежалената љубов – е само случајност…


