Одиш да крадеш?! Понеси си пари, за секој случај! :)

popara1 март, 20121min00
u7v

Еден американец навистина лошо ја исланирал кражбата која сакал да ја направи во една банка.

Неименуван 39 годишен американец, влегол во банката Чембли во Џорџија и на службеникот му дал лист на кој пишувало „дај ми ги парите или ќе пукам“. На снимката од безбедносните камери се видело дека службеникот му покажал со прст дека стаклото е отпорно на куршуми, а потоа неуспешниот крадец веднаш побегнал од банката без плен.

Само што излегол од банката, влегол во такси со намера да побегне. Му рекол на возачот дека нема пари, а тој пак веднаш ги заклучил вратите бидејќи целата ситуација му станала сомнителна.

Целата збрка ја забележал еден полицаец кој бил во близина, се доближил до возилото и му рекол на крадецот да излезе и да оди до банката да извади пари за таксито.

Само што влегле полицаецот и крадецот во банката, службениците рекле дека тоа е истиот тој крадец кој сакал да ги ограби само неколку минути предходно. Крадецот бил веднаш приведен и обвинет за обид за грабеж.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag