Одмазда за разурната земја и тежок живот за граѓаните: Келнерка четири години им плука во храната на политичарите

popara1 декември, 20121min00
hrana

Една келнерка одлучила на свој начин да води битка против лошата политика на државата. Иако платата и била мала, Јулија четири години издржала на работа, затоа што како што вели имала можност да им се одмазди на парламентарците поради тоа што тие им го правеле на граѓаните и државата.

Откако добила отказ во парламентот, Јулија признала дека повеќе од четири години им плукала на парламентарците во храната. Како што тврди таа, тоа го правела за да им се одмазди на политичарите дека ја уништиле државата.

Скандалот избувнал откако застапникот на Комунистичката партија, открил дека некој му плукнал во супата. Кратката истрага довела до Јулија Боршченко, која набрзо добила отказ поради однесувањето, но тврди дека не жали за ништо.

„Вие мислите дека во ресторанот на парламентарците имаме добри плати? Тоа не е вистина, бидејќи 390 долари не се ништо кога живеете во главниот град. Таму работев четири години, само затоа што имав прилика да им се одмаздам за сето тоа што им го прават на граѓаните“, изјавила келнерката.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag