Познатата телевизиска ѕвезда Опра Винфри ќе направи интервју со Боби Кристина, ќерката на починатата поп пејачка Витни Хјустон во кое ќе бидат опишани нејзините последни денови и спомени кои Боби Кристина ги има од својата мајка.
Специјалната емисија во која ќе гостува и менаџерката Патрис Хустон и братот на поп ѕвездата Гери Хјустон ќе биде е 11 март на OWN каналот кој е во сопственост на Опра Винфри.
Во ова посебно издание, Опра ќе зборува со најблиските членови на семејството на легендарната пејачка, а Боби Кристина ќе сподели личните сопмени од својата мајка, како и желбите по кои би сакала светската соул ѕвезда да биде запаметена.
Ќе се зборува и за гласините и шпекулациите поврзани за смртта на Хјустон.