Опсесивен уметник – Јајои Кусама (Yayoi Kusama)

popara17 јануари, 20124min00
yayoi-kusama03

Јајои Кусама е уметник чии слики, колажи, меки скулптури и надворешни инсталации сите споделуваат опсесија со репутација, шара и акумулација. Таа себе си се опиша како „опсесивен уметник“. Кусама има изложувано дела со Клаес Олденбург (Claes Oldenburg), Енди Ворхол (Andy Warhol) и Џеспер Џонс (Jasper Johns). Таа ја претставуваше Јапонија на Венецијанското Биенале во 1993 год., а во 1998-99 голема ретроспективна изложба беше на патување во САД и Јапонија. Уметноста на Кусама се базира на концептуална уметност и покажува атрибути на феминизам, минимализам, суреализам, Арт-Брут, поп-арт и апстрактен експресионизам, а вклучува автобиогравски, психолошки и сексуални содржини. Кусама исто така е публикуван новелист и поет, а исто има запазено творештво и во филмот и модата. Таа имала долга борба со нејзиното ментално оболување. На 12ти Ноември 2008 год. Кристис (Christies) во Њујорк има продадено нејзино дело за $5.1 милиони, рекорд за жена уметник додека сеуште е жива.

Кусама има добиено бројни награди вклучувајќи ги „Asahi Prize“ (2001); „Ordre des Arts et des Lettres“ (2003); и „National Lifetime Achievement Awards“, „the Order of the Rising Sun“ (2006). Во Октомври 2006 год Јајои Кусама станува првата жена од Јапонија да ја добие „Praemium Imperiale“, една од јапонските најпрестижни награди на интернационално признати уметници. Од 1977 год. Кусама живее своеволно во психијатриска институција, и многу од нејзините дела се означени како опсесивни и со желба да се побегне од психолошка траума. Во обид да го подели нејзиното искуство, таа креира инсталации кои го внесуваат гледачот во опсесивна визија на бескрајни точки и мрежи од бескраен простор на огледала. Избрани дела во спектакуларна изложба на вистински уникатен уметник во галеријата „Tate Modern“ во Лондон (9 Февруари – 5 Јуни 2012год.) Досега немало изложба од оваа димензија на нејзините дела во О.К.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag