Исхраната е основана на не толку елементарни правила. На прво место човек не треба да се присилува при една диета и да се нервира поради тоа што не може да се прдржува кон неа – тоа има само негативен ефект. Нашиот организам се однесува точно така, како ние самите очекуваме од него. Односно ако насила сте јаделе повеќе од неопходното, секако деќа ќе ја зголемите својата маса и вашиот организам ќе подпадне кон ваквата автосугестија.
Многу луѓе не обрнуваат внимание на сигналите кои организмот ги праќа и тој им се „одмаздува“ за тоа. Диетите всушност се лоша замена за природниот интуитивен избор на храна. Затоа во повеќето случаи диетите водат кон влошување на здравјето.
И нема никаква смисла да гледате во чинијата на соседот – можеби неговиот организам едноставно има потреба од други материи.