Оружјето кое го користел познатиот американски гангстерски пар Бони и Клајд ќе се продава на аукција кон крајот на овој месец.
Оружјето кое датира од 1887 годинаќе биде ставено на аукција во Канзас Сити на 21 јануари. Двете пушки кои ќе се продаваат биле запленети на 13 април 1933 година во станот на криминалците Бони и Клајд кои убиле двајца полицајци во Џоплин, а до неодамна пушките биле изложени во полицискиот музеј во Спрингфилд.
Бони Елизабет Паркер (1910-1934) и Клајд Бероу Костен (1909-1934), биле крадци, бандити и криминалци кои со својата банда, оперирале во САД во текот на големата депресија. Полицијата ги убила Бони и Клајд во Луизијана.
Нивната прикзна беше овековечена и преку филмот на Артур Пен од 1967 година.