Менструалните грчеви обично траат еден до два ден, но ако истите се неподносливи станува збор за дисменореа.
Еве како да ги ублажите болните симптоми:
Топол туш и термофор – опуштете се под топол туш и потоа релаксирајте ги мускулите со термофор кој треба да го поставите на долниот дел од стомакот.
Ништо не смее да ве стега – извадете го коланот, соблечете ги тесните фармерки, костим или било што друго што ве стега.
Без кофеин – избегнувајте го кафето или воопшто пијалоците со кофеин.
Морков – направете сок од моркови или пак супа од моркови, тоа ќе ги ублажи менстуралните болки.
D3 – најновите истражувања покажале дека овој витамин може да ги ублажи менстуралните грчеви.
Акопунктура – оваа метода на лечење се користи долги години наназад во Кина, а се повеќе и западот ја прифаќа.
Ајдучка трева – делува против воспалениијата, ги намалува грчевите и добро влијае на нервозата.