Осум месеци се борела за живот: Татко ја претепал 5-годишната ќерка со вжештена метална шипка

popara14 ноември, 20121min00
lamaascreen

Пет годишно девојче осум месеци се бори за живот, откако нејзиниот татко ја претепал со камшик и вжештена метална шипка. За жал, таа починала во болничкиот кревет.

По повеќе месечно страдање и борба за живот, петгодишната Лама починала во болничкиот кревет во Ријад. Во болница завршила пред осум месеци, кога сопствениот татко, инаку познат како локален свештеник, ја претепал со камшик и вжештена метална шипка!

Нејзината мајка започнала судски процес против него и од судот побарала да го осудат на смртна казна.

Во нападот на бесниот татко девојчето се здобило со тешки телесни повреди, бројни трауми, фрактура на черепот и неколку фрактури на екстремитетите.

Нејзината мајка се развела од насилниот татко, кој потоа си нашол нова жена. Малата Лама живеело со него и маќеата, која исто така, учествувала во тотурата. Според локалните медиуми, девојчето било постојано злоупотребувано.

Како што пишува агенцијата ЕФЕ, таткото на девојчето бил “верски научник”, кој држел проповеди на ТВ каналите во Саудиска Арабија, а на јавноста и е познат како поранешен зависник од дрога.

Против него сега се води истрага, а не е познато дали неговата нова сопруга ќе биде добие кривична пријава поради злоупотреба на девојчето.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag