Осум правила за да бидете IN

popara9 ноември, 20121min00
Fashion-Style

Остри агли – геометриска инспирација

Оваа есен дизајнерските куќи како Баленсијага, Антонио Берарди, Емилио Пучи, Селин, Родарте, Шанел и Ив Сен Лорен за своите есенски колекции лансираа дезени и принтови со  графички, кубистички и геометриски композиции, остри и чисти  агли,  футуристичен изглед и безпрекорна симетрија.  Истите тие квадратни, правоаголни и трапезоидни форми ќе се најдат и на многу чанти и чевли оваа есен. Сличен тренд се забележува и кај новите парчиња мебел во новите ентериерни решенија како и во стилот на фризурите на модната писта оваа есен.

За прв пат геометријата во модата ја внесува  Ив Сен Лорен, кој дебитираше со неговиот сега веќе легендарен “Мондријан” фустан во 1965 година.


Инспирација од спортската опрема

Кој рече дека спортската опрема не може да биде и модерна? Најновиот спортски инспириран стил  во збирките оваа есен  вклучува неон и ултра шик спортски елементи за да се добие изглед на сезоната, а инспирацијата доаѓа од спортската сала. Мадона и нејзиниот препознатлив  стил како “тренинг кралица” е типичен пример за тоа што всушност подразбира овој моден правец. Се комбинираат елементи од тренинг опремата со елегантниот дизајн во слоевити ансамбли. На модните писти се изложени  елементи како планинарска опрема, комбинирана со класични и елегантни парчиња и иако апсурдно звучи сепак  на крај добро изгледа. Изгледот е надополнет со спортски додатоци како на пример спортски часовник или спортска чанта.

Овој стил го наоѓаме и во дизајнот на мебел односно  парчиња кои функционираат и како фитнес опрема и како практичен мебел.

 

Викторијански стил

Овој правец во модата се темели на строгите правила за облекување по времето на кралицата Викторија и затоа гледајќи ги моделите имате чуство дека сте во некој друг век, патување назад во времето. Основни карактеристики на овој стил се театрален и кралски изглед,  високи јаки, слоевити кадифиња, богати украси, корсети, чипка. Накитот и чевлите исто така потсетуваат на оние од тоа време. Погледнете ја сликата и ќе ви биде јасно за што станува збор, но имајте во предвид дека повеќето од овие креации припаѓаат на високата мода и не се препорачува да се искористат како пример за секојдневието освен чевлите и чантите.


Позајмено од момчињата – костим

Оваа сезона според  она што го видовме на модните писти, а специјално за овој стил, Долче Габана и Стела Макартни, ни представија  модели  на женски класични  костими и смокинг наменет за понежниот пол. Материјалите од кои се изработени најчесто се црно кадифе и богата свила. Изгледот најчесто се надополнува со равни чевли со машки крој, шапки,  вратоврска,  или свилена марама  што носи малку женственост и  баланс.


 

Во духот на 60-тите 

Повеќето дизајнери меѓу кои Прада, Викторија Бекам, Марни, Ботега Венета,  лансираа модели што се скоро идентични со оние од почетокот на 60-тите години, со еден збор луксузно и ретро. Џеки Кенеди е легендарниот представник на овој стил.  Оваа тенденција ќе биде актуелна и следната година , односно новите пролет-лето  2012 колекции.  Шминката и фризурите исто така потсетуваат на оние од тоа време.


 

Кожени јакни

Ако некогаш сте почувствувале потреба да се облечете од  глава-до-пети во  кожа, но не поседувате Харли-Дејвидсон, сега е вашата шанса да ја реализирате оваа  фантазија бидејќи сезонава тоа е ултра модерно и препорачано скоро од сите дизајнерски куќи. Освен што се хит сезонава, моторџиските кожени јакни може да се носат во безброј комбинации.  Спотот за песната “Јуда”, на Лејди Гага беше  доста контроверзен  но никој неможе да го негира нејзиниот совршен моторџиски изглед.


Шкотско каре

Каре дезенот е една од основните тенденции за оваа есен. Многу модни куќи како Диор, Армани, Карвен, Изабел Марант  и други вклучуваат во своите колекции  костими, здолништа, фустани, палта и мантили најчесто  во шкотско каре. Овој стил беше актуелен  и минатата сезона,  есен- зима 2010, и сеуште е силна тенденција. Во минатото каре дезенот бил носен само од кралското семејство и благородниците за да се разликуваат од останатите, а сега е пренесен во 21 век и достапен за сите. Карето го привлекува вниманието, но истовремено може да биде доста дискретен  за да се добие ненаметлив и стилски акцент. Оваа тенденција може да се препознае и во чевлите на Маноло Бланик.


Црвената боја

Црвената е боја на гневот, страста и огнот  и истовремено бојата на љубовта. Евоцира страст, софистицираност и најважно – моќ.  Ништо не може да ја претвори  секоја жена во секси сирена како црвената боја. Ова е трендот за најхрабрите. Црвените секси фустани ги имаше на сите ревии од Њујорк до Милано. Особено впечатливи се оние на Гучи, Ланвин, Келвин Клајн, Мајкл Корс и др. И не само фустаните, крзната беа исто застапени на модните писти подеднакво живописни и во нијанси на црвено, црвените чанти и чевли како и црвен кармин. Било што да изберете во црвена боја нема да погрешите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma