Познатата старлета, Ким Кардашијан секогаш била оптоварена со својот изглед. Таа постојано посетува естетски хирурзи и тоа никогаш не го крие. Но, откако се разведе од Крис хамфрис стана вистински зависник.
Странските медиуми во последно време пишуваат за тоа дека Ким Кардашијан се почесто ја посетува ординацијата на пластичен хирург.
Така, некои извори блиски до старлетата тврдат дека Ким станала зависна од естетски корекции и дека својот изглед и станал опсесија.
Познатиот доктор Шулман по внимателна студија заклучил дека Ким во последната посета на хирург ги зголемила усните. Иако старлетата ужива во овие промени, на нејзиното семејство тоа воопшто не му се допаднало.
“Нејзините сестри мислат дека Ким е каприциозна, бидејќи само мисли на својот изглед”, додава близок извор.