Откриена бактерија која произведува чисто злато

popara4 октомври, 20121min00
gold-super-bacteria-

Научници од Мичиген неодамна ја претставија бактеријата која може да преживее во исклучително отровни услови и во процесот да ствоти капки од чисто 24-каратно злато.

Дека постои бактерија која произведува злато, докажале и научниците од Мичиген.

За овој фантастичен изум заслужен е доктор по микробиологија, Казем Кашеф и професор на молекуларна генетика, Адам Браун.

Тие двајца создале лабораторијата, во склоп на уметничкиот проект “The Great Work of the Metal Lover”, во која демонстрирале како бактеријата Cupriavidus metallidurans претвора златен хлорид (токсична хемикалија) во злато 99,9% чисто.

Според зборовите на Кашеф, се работи за “микробиолошки алхемија”, бидејќи нешто “што нема вредност претвораат во цврст драгоцен метал”. Секако, овој златен хлорид не е бесплатен, но цената му е пониска од злато.

Важно е да се напомене дека оваа “чудесна” бактерија е отпорна на токсичност, а за само една недела “отпадот” се трансформира во благороден метал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag