Откриена планета сочинета од дијаманти

popara12 октомври, 20121min00
diamond-planet

Заборавете на најголемите дијаманти познати на човекот за кои досега сте можеле да фантазирате, постои еден поголем од целата Земја.

Поточно, научниците во соѕвездието Рак откриле планета наречена “55 Cancri е”, составена претежно од дијаманти, а таа се движи со толку голема брзина што една година на неа трае едвај 18 часа, јавува Huffington Post.

Радиусот на планетата 55 Cancri е двојно поголем од Земјата, но нејзината маса е осум пати поголема од Земјата. Покрај тоа, површината и е многу загреана и достигнува дури 1648 целзиусови степени.

“Површината на оваа планета покриена е со графит и дијаманти , наместо со вода и гранит”, изјавил Ники Мадхсудан, член на истражувачкиот тим.

Според истражувачите најмалку една третина од масата на новооткриената планета, што е еднакво на три земјини маси, е сочинета од дијаманти.

Дијамантските планети не се новина во астрономските истражувања, но сепак ова е првпат да биде откриена таква планета која кружи во орбита на ѕвезда слична на нашето сонце, која е видлива и со голо око.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag