Откриена вистинската причина за потонувањето на Титаник!

popara9 март, 20121min00
gb780

Еден век по потонувањето на Титаник, научниците веруваат дека конечно ја пронашле вистинската причина за оваа катастрофа, а тоа е Месечината.

„ Месечината може да објасни како невообичаено голем број ледени санти се наше на патот на Титаник“ истакнал Доналд Олсон, физичар од тексашкиот државен Универзитет.

Титаник потонал во раните утрински часови на 15 април 1912 година, а животот го загубија 1517 луѓе. Капетанот на бродот, Едвард Смит, бил еден од најискусните капетани во тоа време и пловел по Сверениот Атлантик повеќе пати.

“Големите санти,  како една од оние што го потопија “Титаник“, обично остануваат насукани во плитките води северно од поморските рути. Таму би останале се’ додека не се стопат доволно за да можат да го продолжат патот кон југ, но би биле со помал волумен“, појаснил Олсон.

Што се случило? Во јануари 1912 година Месечината била многу блиску до Земјата и нејзинот влијание прдизвикала плима доволно голема за да ги ослободи сантите мраз и да им овозможи да плутаат по комерцијалните помирски правци.

Олсон објаснил дека ова се јавува „еднаш во животот“, а се случило на 4 јануари, кога Месечината и Соцето се израмниле така што комбинираната гравитациска сила зајакнала. Во тоа време Месечината била најблиску до Земјата, а Земјата била наблиску до Сонцето таа година само еден ден порано.

„Таквиот развој максимално го зголемило месечевото влијание на плимата во светските океани“, изјавил Олсон.

„Тоа е и главната причина зошто големите ледени санти се нашле на патот на Титаник, го изненадиле искусниот капета ја запечатиле судбината на 1717 луѓе кои се нашле на бродот“, додал за крај Олсон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag