Иако многумина веруваат дека нејзиното тело е совршен, актерката Анџелина Џоли откри дека всушност тоа не е вистина, особено по повредата со која се здобила за време на снимањето на филмот Лара Крофт: Томб Рајдер.
Актерката, која што редовно се наоѓа меѓу најубавите жени во светот, изјави дека и таа има свои недостатоци, и тоа во буквална смисла на зборот.
Всушност, Анџелина Џоли, откри дека за време на снимањето на филмот Томб Рајдер имала тешка повреда на раката, така што докторите не успеале целосно да ја санираат повредата, а без притоа да не има последици.
“Ми недостига дел од лактот. Додека снимавме се удрив и го скршив лакотот. Докторите успеаа да санираат поголем дел од повредата, но едно парче уште “плови” внатрешно, вели актерката, која поради Том Рајдер загуби дел од лактот, но се здоби со светска слава.