Откријте го рецептот за љубовта…

popara29 октомври, 20121min00
ljubov

Што е љубовта? Ова прашање се појави во мојата глава пред 5 години и започнав да барам одговор. Сакав да разберам што е она што не тера да сакаме еден човек, а не остава индиферентни кон останатите.

Не можам да кажам дека имам одговор и денес. Не знам точно што е љубовта и тоа веќе не ми изгледа толку важно.

Зошто сфатив нешто навистина важно за љубовта – љубовта е во малите нешта што ги правиме во секој момент.

Љубов е да присуствуваме целосно во секој момент што го поминуваме со саканите луѓе, да ги чувствуваме нивните желби и расположение и во секој момент да правиме за нив барем по едно нешто што ќе го допре нивното срце.

Затоа ни е толку тешко да ја уловиме љубовта и да ја задржеме – нема рецепти за љубов. Зошто таа е различна во секој еден момент. И бара од нас да го посветиме целото свое внимание и желбата да ги сакаме и да се грижиме за луѓето што ни значат.

Љубов е многу повеќе од физичката убавина, сексуалното привлекување, социјалниот статус.

Љубовта е височината каде се чувствуваме разбрани без зборови. И ние сите го умееме ова – само не можеме да поверуваме дека е толку едноставно.

Љубовта не е во романтиката – таа е во практичните, вистинските, земните нешта. Љубовта не е во убавите зборови, таа е во малите гестови, кои не прават да се чувствуваме најважните луѓе на светот. Љубовта не е во мислите, стиховите и песните. Љубовта не е во тоа колку ги сакаме луѓето – љубовта е во тоа колку сакани се почувствувале тие.

Љубовта е едноставна – таа бара само да живееме за саканиот човек.

Рецепта за љубов

Секое утро кога ќе се разбудам си велам дека сакам денес да направам нешто, што ќе го натера мојот човек да се почувствува сакан и посебен. И секој ден мојата потсвест ми помага да го направам тоа. И нема поголема радост за мене од тоа да видам во неговите очи дека сум успеала.

Тоа е мојата рецепта за љубов!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag