Отровите во храната!!!

popara25 мај, 20121min01
i

Храната може да биде токсична ако содржи супстанции како пестициди, тешки метали или диоксини. За жал, храната што ја консумираме е многу потоксична отколку што мислиме. Дури и органската на прв поглед полезна храна, може да содржи тешки метали, кои предизвикуваат сериозни здравствени проблеми.

Храната може да се нарече токсична и ако е тешка за варење. Еден од основните виновници за тоа се житните продукти.

Повеќето луѓе имаат проблеми со варењето на житните продукти, зошто зрнестите култури години по ред биле обработувани, за да станат поотпорни на пестициди.

Пакуваната храна содржи високи дози конзерванси кои исто така се токсични.  Сите овие хемикалии во храната можат да предизвикаат здравствени проблеми почнувајќи од проблеми со дигестија па се до рак.

Токсините се акумулираат во нашите органи ако не превземеме нешто за да ги исфрлиме од организмот, например со редовна детоксикација.

Некои од најтоксичните храни се белиот шеќер, кофеинот, житните продукти, рибата и млечните продукти. Тоа најмногу се однесува на тешките метали како живата, која ја има во рибата. Живата е мошне опасна за бубрезите, мозокот и нервниот систем и може да предизвика болести како Алцхајмер и срцеви болести. Диоксините предизвикуваат проблеми со црниот дроб и автоимуни болести.

One comment

  • билјана

    25 мај, 2012 at 12:11

    I sto znaci ova? Sto treba da jademe , ispaga deka se e stetno

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag