Отворил салон за тетовирање во црква – се за да привлече верници

popara12 јануари, 20121min00
tetovaza

Ако ова не ги привлече верниците да дојдат во црква, ништо друго нема! Една црква во Мичиген, САД отворила салон за тетовирање во склоп на самата црква, а и самиот поп од црквата таму си направил две тетоважи.

Попот Стив Бентли го отворил малиот салон за тетовирање под името „Смирени тетоважи“, со цел да ги привлече оние луѓе кои не ги прифаќаат традиционалните цркви. Според Бентли, традиционалната религија повеќе не е привлечна за обичните луѓе и не е ефективна. Еден од тату уметниците е поранешен алкохоличар кој тврди дека црквата му помогнала во борбата со алкохолизмот.

Иако некои луѓе се против идејата на пречесниот Бентли, тој тврди дека со отворање на гледиштата и поставување на салонот за тетовирање тој им ги отворил вратите на многу нетрадиционални верници на кои им помага да бидат морални и чесни.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag