Volkswagen Up! на саемот на автомобили во Њујорк е прогласен за автомобил на 2012 година. Во изборот влегле 34 кандидати за оваа рпестижна титула, а возилото на германскиот производител убедливо ја освоило победата.
Во последните четири години Volkswagen така веќе по трети пат е избран за автомобил на годината. Пред Volkswagen UP со таа титула се скрасиле и Golf и Polo. Второто место во овој избор го доби Porsche 911, додека на третото место беше BMW од серијата 3.
Porche 911 сепак може да се пофали и со една награда. Во категоријата најдобар спортски автомобил, беше пред Lamborgini Aventadoda LP700-4 и McLaren MP4-12C.
За најекономичен автомобил на годината е прогласен Mercedez-Benz S250 CDI BlueEfficiency, а зад него останаа Ford Focus Electric и Peugeot 3008 Hybrid4.
Range Rover Evoque е прогласен за најдобро дизајниран автомобил и тоа покрај Citroen DS5 и Volkswagen UP.
Погледнете неколку фотографии од победникот и сами проценете дали ја заслужува наградата.