Комедијата на Eddie Murphy “A Thousand Words”, апсолутно не доби ниту една позитивна критика, поради што стана сериозен кандидат за најлош филм.
“A Thousand Words” на веб страната “rottentomatoes.com”, која ги собира сите критики на едно место, се здоби со ознака нула – ниту еден критичар за филмот нема изјавено нешто позитивно, а единствените коментари се “неоригинален, некомичен и банален”.
Од 39 рецензии, сите 39 се негативни, па новиот филм на Murphy стана најлошата комедија на сите времиња, но исто така и сериозен кандидат за најлош филм на сите времиња.
Ова е прв пат филм во кој игра голема холивудска ѕвезда да не добие никаква позитивна критика. Филмовите кои претходно се здобија со нула се “Puffball” и “Backy Larson: Born To Be A Star”.
httpv://www.youtube.com/watch?v=m2MO_ID4ltA