Лолонг крокодилот од Филипините и официјално е најтешкиот крокодил. Тој има 1075 килограми, а со тоа влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Крокодилот е инаку најпознатото животно на Филипините. Ловците успеале да го фатат по три дена борба со него.
Од тогаш тој е во зоолошка градина и на него само минатото лето градината заработила повече од 60 илјади долари. Не е ни чудо, бидејќи сите што доаѓаат прво сакаат да го видат најтешкиот крокодил во светот.