Ова се најинтелигентните луѓе на денешницата!

popara29 август, 20121min00
Human brain, conceptual artwork

Ителигенцијата е способност за брзо и ефикасно снаоѓање во нови и непознати ситуации, а таа се меро со соодветни тестови за интелигенција.

Додека голем број луѓе себе си се сметаат за паметни, овие 10 лица за тоа имаат и соодветна потврда. Запознајте ги најинтелигентните луѓе на денешницата според SuperScholar.

Теренс Тао (37) IQ 230, тој тврди дека за неговата интелигенција заслужни се јунаците од цртаните кои ги гледал како дете. Веќе на две години тој знаел да реши основни математички проблеми. На 20 години се стекнал со диплома по математика на престижниот Принстон.

Кристофер Хирата (30) IQ 225, чудото од дете само на 14 години се запишал на факултет, а на 16 започнал да работи во НАСА. На 22 години стекнал диплома по астрофизика. Тој е најмладиот американец кој добил златна медала на 13 години во натпревар по физика.

Ким Унг Јонг (50) IQ 210, кореанецот со најголем коефициент на интелигенција, како дете за помалку од месец дена можел да научни странски јазик, а само на 5 години решавал комплексни задачи. Како тинејџер работел за НАСА, а кога се вратил во родната земја се здобил и со докторат по градежништво.

Ричард Роснер (52) IQ 195, израснал во Коларадо, каде го завршил школото и факултетот. Тој е се само не е класичен интелектуалец. Работел како келнер, обезбедување, стриптизер и модел за актови. Моментално работи како писател.

Гари Каспаров (49) IQ 190, најдобриот шахист во светот, кој се кандидираше и за претседател, но подоцна ја повлече кандидатурата. 2005 година тој се повлече од шахот и се посвети на политиката и пишувањето.

Џејмс Вудс (65) IQ 180, тој има освоено максимален број на бодови на државната матура, запишал математика на познатиот UCLA, а подоцна добил и стипендија од МИТ. И покрај одличните резултати тој одлучил да се посвети на актерството. Има добиено неколку Еми награди и бил номиниран за Оскар.

Пол Ален (59) IQ 170, како коосновач на Мајкрософт тој е еден од најдобрите примери како знаењето да го претворите во богатство. Тој денеска е на 48то место на најбогатите луѓе во светот.

Сер Ендру Вајлс (59) IQ 170, британскиот математичар, кој ја докажал Ферматовата теорема. Доделена м у е титулата Сер поради значајниот придонес во математиката. Добитник е на 15 награди и други признанија од областа на математиката.

Џудит Полгар (36) IQ 170, унгарската мајсторка во шах. Таа успеа да го победи во 2002 година Каспаров.

Стивен Хокинг (70) IQ 160, авторот на седум бесселери, познат по доприносот во космологијата и квантната гравитација за црните дупки, како и делата во кои ги изнесува своите теории за вселената.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma