Сместен во лежерните Кариби, Сенди Лејн е речиси чудо. Местото е добро подмачкана машина која се чини дека работи без никакви проблем. Првото негово отворање во 1961 година беше голем успех од самиот почеток, а наскоро и еволуираше во луксузна алтернатива за Round Hill, Јамајка. Иако е комплетна копија на оригиналниот хотел, денешниот изглед на Сенди Лејн е нешто сосема друго. Во 1998 година, беше донесена одлука за уривање на целиот имот и да се почне од нула, а сè со цел да се обезбедат услуги и капацитети, кои ги бараат модерните стандарди на луксузната побарувачка. При обновата на овој познат хотел, секој трем, скали, ѕидови, симетрија, столбови, блескавата изградба од кремаст корален камен – секој детаљ од карактеристиките на оригиналниот хотел е внимателно испочитуван. Крајниот резултат е тотално модерен хотел однатре кој личи како да не е допрен од надвор. Хотелот е дури бесрамно луксузен. Фокусот е ставен на најразличните начини на кои можете да се разгалите.