Што ќе кажете за свежа и чиста кожа со помош на природни продукти? Секако најдоброто што можете да го сторите за својата кожа е да изберете природно!
Денес ќе ви представиме една лесна домашна рецепта за приготвување пилинг од лимон и портокал. Пилингот е идеален за лето – ги ексфолира лицето и телото, го освежува тенот, ја хидратира кожата и ги отстранува мртвите клетки.
Потребно ви е:
– 4 супени лажици ситно смелени овесни јатки,
– 1 лажица лимонов сок,
– 1 лажица сок од портокал
Измешајте ги сите компоненти во стаклен сад, затворете го добро и оставете смесата да отстои 2-3 часа. Потоа пилингот се нанесува во мали количини и со нежни кружни движења се масира. Се измива со млака вода.