Овошјето и зеленчукот ги подобруваат когнитивните функции на мозокот

popara29 септември, 20121min00
vitamini

Присуството на повеќе овошје и зеленчук во секојдневното мени ги подобрува когнитивни функции на мозокот, тврди меѓународниот тим невролози од Универзитетот “Хајнрих Хаинан”, болницата “Света Елисавета” во Келн (Германија), Универзитетот на Перуџа (Италија) и “Темпл универзитет” (Temple University) во САД.

Научниците ја истражувале меѓусебната поврзаност помеѓу употребата на овошје и зеленчук, антиоксидантната содржина во крвта и менталните активности на луѓето помеѓу 45 и 102 години.

Резултатите покажале дека оние кои во секојдневната исхрана внесуваат по 400-500 грама овошје и зеленчук, имаат високо ниво на корисни антиоксиданти во организмот, односно ниски показатели на оштетување на липидите од слободните радикали. Освен тоа, нивната способност за памтење е значително повисока во споредба со луѓето кои јадат овошје и зеленчук по 100 грама на ден.

Специјалистите, вели Ројтерс, нагласуваат дека употребата на овошје и зеленчук не само што ја подобрува работата на мозокот, но и ги спречува можните проблеми со меморијата и кај постарите лица: “Благодарение на моќниот антиоксидантен состав, овошјето и зеленчукот го штитат мозокот од дисфункција независно од возраста. Затоа тие треба да бидат присутни во нашата исхрана во поголеми количини уште од рана возраст. Така во иднина може да се избегнат сериозни нарушувања во работата на мозокот “.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *