Само со еден или два коктели од свежо овошје и зеленчук ќе постигнете неверојатни резултати со вашата кожа.
Важно е правилно да ги комбинирате природните компоненти, витамини и минерали. Еден од врвните нутриционисти Ашли Коф препорачува коктел банани, бадеми, јаболков сок и масло од ленено семе.
Овде ги има сите неопходни за кожата протеини, калиум, калциум, растителни влакна, и омега-3. Недостатокот на омега-3 е многу штетно за кожата и води до предвремено стареење и брчки.
Кокосовото млеко содржи пробиотици – бактерии кои допринесуваат за нормализирање на дигестивниот систем. Кокосовото млеко подобро се апсорбира од телото, отколку традиционалните млечни производи. Ашли објаснува дека коктел од кокосово млеко може да помогне за подмладување и затегнување на кожата. Истото се однесува и за кокосовото масло ако го употребувате како дел од вашите маски за лице.Кокосот добро се комбинира со ананас, индиско оревче и канела.
Многу полезен за кожата е коктелот од зелен чај и органско кисело млеко. Ваквиот пијалок се пие ладен.