На само вториот ден од тргувањето со акциите на најголемата социјална мрежа Фејсбук, нивната вредност падна за неверојатни 13%, па од почетната цена 38,23 долари се намали на 33 долари.
На тој начин дел од акциите на Марк Цукерберг паднаа за околу 2 милијарди долари.
Акциите на Фејсбук се меѓу најочекуваните оваа година, а експертите велат дека социјалнта мрежа ќе биде предводник и останатите да излезат на берза.
Многумина сметаат дека акциите со цена од 38 долари се скапи за млада компанија, како што е Фејсбук.
Околу 581 милион акции биле продадени во петокот за само пет часа, додека вчера за само 15 минути беа продадени 52 милиони акции. Портпаролот на Фејсбук одбил да го коментира падот на акциите на берзата.