Една жена од Велика Британија се обидела да се запали, бидејќи по четврти пат паднала на возачкиот испит.
Кога по четврти пат паднала на возачкиот испит и по потрошени повеќе илјади фунти на часови за возење, жената му ги соопштила вестите на сопругот, па следувала жестока караница.
Откако сопругот заминал 30 годишната жена се обидела да се запали, оставајќи писмо.
Соседот од спротивната зграда ја видел жената во пламен и веднаш повикал пожарникари. Тие се обиделе да ја извлечат жената од станот со тешки телесни повреди и изгореници, но сепак преживеала.