Огнената кугла на ова небо овој пат е видена над Велика Британија каде на 2-ри март околу десет часот навечер е приметена необична светлост на небото. Бројни граѓани посведочиле на појавата, а некои дури и ја снимиле.
Дури и неколку дена по случувањето на настанот, за објектот се знае само дека не е човечко летало и дека не е забележан на радар. Експертите предвидуваат дека се работи за метеор, но засега не се пронајдени остатоци кои тоа би го потврдиле.
За необичниот објект постојат неколку теории, но скоро никој не мисли дека станува збор за вонземјанско летало. Секако, тоа не значи дека вонземјаните овој пат се ослободени од кривицата. Така, постои една теорија дека се работи за вонземјански проект или барем за метеор со кој кон Земјата насочиле непријателски расположени вонземјани.
Со оглед на зачестеноста на ваквите појави на небото во последно време, многумина мислат дека станува збор за своевидна демонстрација на силите на вонземјаните чија последна етапа ќе биде метеор со голема разорна сила која ќе не уништи.
Ве плаши ли и вас се почестата присутност на огнени кугли на небото? Репортажите, снимките и сведочењата за овој случај секако погледајте ги во видеото: