Палачинки со портокали

popara11 февруари, 20121min00
Crepes Suzette

Потребни состојки:

За тесто:

2 јајца

125 гр. брашно

250 мл. млеко

50 гр. путер

1 лажица ликер од портокали

Малку сол

За сос:

6 лажички шеќер

70 гр. путер

2 портокали

1 лимон

4 лажици ликер од портокали

Припрема:

Изматете ги состојките за палачинки со миксер, па испржете ги во тавче за правење палачинки.

За сосот изрендајте ја кората од портокал и лимон и помешајте ја со шеќерот и путерот, па смесата растопете ја на тивок оган со постојано мешање. Исцедете го сокот од портокали и додадете го во тавчето. Гответе се додека смесата не се згусне, па додадете го ликерот и намалете ја температурата.

Ставете една палачинка во тавчето со сос и оставете ја да поприми од сосот, па свиткајте ја во триаголник и ставете ја на чинија за сервирање. Постапката повторувајте ја се додека имате од состојките. Може да послужите и со сладолед. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag