Реномираната туристичка дестинација-Палма де Мајорка најголемиот град и пристаниште на островот Мајорка и престолнина на автономната област Балеарските острови, е жив и космополитски град кој ја чува правата шпанска традиција.За центарот на градот се карактеристични се трговските центри кои динамично се градат,лавиринт од тесни улички и обновени стари згради опкружени со рушевини од антички градски ѕидини и модерни булевари.
Како и самата Шпанија и Мајорка и Палма биле по мавританска власт помеѓу 9 и 13 век се до ослободувањето од страна на Daume I од Арагона.Мавританското наследство е сеуште очигледно,баш како и траговите од златните години на Палма, која била најмоќна и најугледна во 15 век,кога претставувала главно пристаниште и сообраќајница помеѓу Европа и Африка.Покасно овој град сместен во пркрасниот залив Bahia de Palma, стана омилено одмаралиште на кралскиот пар Фернанд и Изабела, а благодарение на тоа и на други познати и богати.
И покрај инвазијата на странски туристи,Палма го задржала својот локален колорит, посебно во стариот ден на градот, преполн со кафичи и барови.На улиците често се слуша домашниот дијалект, што исто така е едно од карактеристичните обележја на Палма де Мајорка.Мајорка е најголема меѓу Балерските острови(3.640 километри квадратни), а првиот чартер лет тука стигнал во 1950 година.Денес островот го посетуваат околу 10 милиони туристи годишно, во главно за одмор на сонце ипесок покрај море додека локалното население брои 781.600 луѓе, од кои скоро половина живеат во престолнината.Меѓутоа Мајорка не се состои само од плажи.Покрај центарот, тука е и североисточниот брег ,кој доминира со планинскиот ланец Сера де Трамунтана,познат по маслинките,боровите шуми,селата со згради од теракота и спектакуларно крајбрежје.Најубавите плажи на Мајорка се наоѓаат на северниот и источниот брег.Убави плажи има и на делови од јужниот брег.
Тури
-Фурналуч и Бинијараич-села кои вреди да се откријат,сместени во миризливи градини на потрокал и лимон
-Палма-Во престолнината се посебно импресивни готската катедрала, една од најголемите во Европа и стариот дел од градот кој е полн со живот
-Деја-собиралиште на уметниците,прекрасно село сместено високо на брегот
-Kastel d’Alaro-Замок во рушевини од кој има прекрасен поглед во долината
-Национален парк Албуфер-Мочуриште во кое е сочувано богатство и разновидност на птичијот свет
-Поленча-Живописниот град Поленча во северна Мајорка некогаш било дестинација на аџиите
-Ковес дел Дарк-Пештера со најспектакуларни украси на Мајорка
-Капокорб веј- Урнатини кои ќе ве однесат патување во древното минато
Лја де Кабрера-Остров кој ви овозможува уживање во автентични и недопрени плажи
-Елс Калдерерс-Фарма на која е реконструиран автентичен живот на селското благородништво на Мајорка
Културно наследство
Арапски бањи
Единствен споменк на муслиманската власт на островот.Сочувани се само две мали подземни одаи, од кои една има зсводен плафон потпрен со столбови.Секој од столбовите има различен рељеф и сите потекнуваат од разрушени римски згради.
Катедрала
Огромната катедрал во готски стил градена е од 1230 до 1600 година.Во почетокот на 20 век во модернистички стил делумно ја обновил Антони Гауди.
Наследството од Легат Пилар и Хуана Миро
Сместено е во уметничките атељеа во Палма и содржат стална збирка на колекции на дела кои биле пронајдени по смрта на уметникот.Има повеќе од 1000 слики,мала колекција на скулптури и стотина цртежи.
Музејот на современа уметност
Овој спектакуларен музеј се наоѓа во ренесансната тврдина Ес Балуард, во чии ѕидини е вграден футуристички бетонски комплекс.
httpv://www.youtube.com/watch?v=eHK7npkJcTA