Поранешната Playboy зајачица Памела Андерсон ужива овие денови во забавите во францускиот Сент Тропе.
Минатата ноќ привлекла внимание на себе појавувајќи се во еден ноќен клуб само во кошула и гаќички, дури и без градник. Земала голема чаша вино и лудо танцувала во клубот. Фотографиите секако, брзо се појавија на Твитер, а Памела на армијата свои фанови им порачала:
“Го сакам Сен Тропе и лудо се забавувам, меѓутоа покрај лудориите, се чувствувам сосема сигурно тука”. Во Франција, Памела се појавила за промотивната турнеја која наскоро ќе ја однесе во Германија, Шавајцарија и Австрија.