Panasonic предвидува рекордна годишна загуба

popara6 февруари, 20121min00
Panasonic_Logo_L

Јапонскиот електронски гигант, Panasonic, предвидува рекордна годишна загуба од 780 милијарди јени (10,2 милијарди долари).

Лошиот резултат се смета дека е поради стабилниот јен, поплавите во Тајланд и трошоците за набавка.

Ова доаѓаа откако и нивните ривали Sony и Sharp предвидоа комбинирана загуба од 6,7 милијарди долари.

Panasonic имаше загуба во 2011 од 338,82 милијарди јени, за разлика од 114,7 милијарди профит една година претходно. Овие бројки беа полоши од тоа што аналитичарите предвидуваа.

Panasonic и останатите јапонски извезувачи се погодени од цврстиот јен, како и конкуренцијата од странските ривали, како Samsung од Јужна Кореја.

Јапонската фирма е четвртиот светски производител на телевизори по Samsung, LG Electronics и Sony.

Акциите на Panasonic паднаа за 45% во изминатата година и минатиот четврток го достигнаа најниското ниво во последните 30 години.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag