Папата денес го објави првиот “твит“

popara12 декември, 20121min00
papata
Папата Бенедикт XVI денеска го објави својот прв “твит“.
“Драги пријатели, задоволен сум што на овој начин, преку ’Твитер’, можам да стапам во контакт со вас. Ви благодарам на вашата великодушна реакција. Ве благословувам од срце“, напиша Папата на својот профил на социјалната мрежа “Твитер“.
Поглаварот на католичката црква за сега има 688 илјади следбеници на “Твитер“ што и понатаму е непопуларно за човек од негов калибар. На  пример, претседателот на САД, Барак Обама има 24 милиони, а Џастин Бибер 31 милион.