Папата ќе прогласи седум нови светци

popara21 октомври, 20121min00
papa-benedikt

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Бенедикт Шеснаесетти денеска ќе прогласи седум нови светци, меѓу кои првпат еден од територијата на САД, со што ќе се одбележи почетокот на „Година на верата“ која има за цел борба против зголемениот секуларизам на Западот.

Индијанката Катери Текаквита (1656-1680), позната како „Лили Мохавка“, која језуитски мисионери ја крстеле како девојче, живеела на територија која сега се наоѓа на границата меѓу САД и Канада, а предложена е за светец и од католиците и од верниците на другите вери во овој дел на земјата.

Се очекува на церемонијата на прогласување за светец во базиликата „Свети Петар“ да присуствуваат 1.500 канадски верници.

За светци ќе бидат прогласени и еден француски мисионер во Мадагаскар, еден филипински монах кој е убиен на 17 години, германски емигрант кој во САД се грижел за болни од лепра, една шпанска монахиња која се борела за правата на жените…

Експерти, изборот на личностите кои ќе бидат прогласени за светци го поврзуваат со напорите на католичката црква да ја потенцира потребата за „нова евангелизација“ во Европа и САД.

Откако стана поглавар на Римокатоличката црква во 2005 година, Бенедикт Шеснаесетти, со овие седум нови, вкупно има прогласено 44 лица.

Во долгогодишна процедура, католичката црква ги прогласува за свети лицата за кои ќе се утврди дека се поврзани со најмалку две чуда.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag