Холивудската ѕвезда Пенелопе Круз неодамна го продала својот дом во Лос Анџелес, а со тоа ги потврдиле гласините дека таа со сопругот Хавиер Бардем ќе се преселат во нивната татковина Шпанија.
Очиглено е зошто среќната двојка сакала да се пресели бидејќи домот со три спални соби веројатно им бил мал. Пенелопе го купи овој дом во 2005 година, но откако се роди нивното прво дете, актерката постојано сакала да го скрие од очите на јавноста, па затоа решила да се пресели од Лос Анџелес.