Пензионер случајно пронашол поштенска марка вредна 2,5 милиони евра

popara3 ноември, 20121min00
markica

Седумдесетгодишниот Рејнхолд Хофман од Германија и неговата една година постара партнерка Барбел сосема случајно пронашле поштенска марка вредна неверојатни 2,5 милиони евра.

“Барбел на саемот во Дрезден купила пакет марки тежок два килограми и го платила околу 20 евра. Штом го донесе дома, почнавме да го разгледуваме, а во еден момент останав без здив затоа што здогледав марка за која претпоставував дека е многу вредна”, изјавил Хофман за новинарите.

Станува збор за поштенска марка од 1861 година на која се наоѓа ликот на Бенџамин Френклин, а Хофман веднаш ги разгледал сите каталози, се со цел да пронајде повеќе информации за поштенската марка, а водено се консултирал и со експерти.

Еден од нив бил Клаус Финте, експерт за филателија, која за “Bild” изјавил дека поштенската марка е 99% автентична и дека најверојатно вреди повеќе од 2,5 милиони евра.

Финте потврдил и дека во светот постојат уште два такви примероци, еден во музеј во Њујорк, додека другата му припаѓа на милијардер од Калифорнија. Секако, Филателистичката фондација во Њујорк мора да ја потврди автентичноста на марката и да издаде сертификат, а потоа ќе се одржи и аукција.

Но, доколку марката навистина се покаже како скапоцена, скромната пензија на Хофман од шестотини евра наскоро би можела да стане дел од минатото.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag