Гласањето кое се одржа во Србија, на гласачкото место број 14, во Првата белградска гимназија во општината Стар град, го одбележала една пензионерка која го изела гласачкото ливче.
Таа го земала гласачкото ливче, се потпишала на избирачкиот список, а потоа застанала позади параванот. Старицата со име Војка Кукољ по неколку минути излегла од позади параванот со листови хартија во устата.
„Ова е мое граѓанско право и вие сега имате едно ливче помалку, па размислете дали изборите се ргуларни“, извикала пензионерката додека членовите на изборната комисија се обидувале да ја смират.